еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност: Напредно решение кое нуди највисоко ниво на заштита

Македонски Телеком воведува иновативна услуга за сајбер безбедност: Безбедносен оперативен центар (SOC – Security Operation Center), современа алатка за деловните корисници којашто нуди највисоко ниво на заштита, 24 часа на ден, 365 дена во годината, информираат од таму.

Ова напредно дигитално решение во реално време ги детектира потенцијалните закани и инциденти поврзани со информатичката безбедност. Покрај детекција, системот овозможува и превенција на потенцијалните безбедносни ризици и пропусти во системите, следење, анализа и нивно соодветно отстранување.

Услугата ги заштитува компонентите од ИТ инфраструктурата, како што се персонални компјутери, лаптопи и сервери, коишто се потенцијално изложени на сајбер напади.

„Спречувањето на безбедносните ризици во дигиталниот свет е еден од најголемите предизвици на денешнината, имајќи предвид дека, покрај материјалната штета, овие напади предизвикуваат и голем репутациски ризик за компаниите и институциите.

Како лидери за дигитализација, континуирано работиме и на креирање решенија за намалување на ваквите ризици кај нашите деловни корисници. Нашата услуга за Безбедносен оперативен центар е токму тоа – напредно решение за сајбер заштита и сигурност“, изјави Марјан Богатиновски, главен комерцијален директор за деловни корисници.

Оваа услуга е идеална за мали и средни компании, како и институции, коишто имаат ограничена експертиза и ресурси за ИТ безбедност. Системот претставува единствена платформа преку која се открива ранливоста на информатичките системи со постојан надзор и брза реакција од страна на тим од сертифицирани инженери за сајбер безбедност.

Платформата е креирана според безбедносните стандарди на Дојче Телеком и користи размена на искуства со другите центри за безбедност во рамки на Групацијата.

Повеќе информации на: telekom.mk/business.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сајберски напад на интернет страницата на Собранието

Редакција

Професор Трајковски: Индискиот сој директно слегува во белите дробови, заканата треба да биде сфатена сериозно

Редакција

Како гувернерката Ангеловска-Бежоска го пробиваше својот пат до успешна жена

Редакција