Македонските студенти во Хрватска ќе може да студираат по иста цена како и хрватските.
Оваа го предвидува новата четиригодишна програма за соработка во областа на образованието помеѓу двете земји, која денеска во Загреб, Хрватска, ја потпишаа македонската министерката за образование и наука, Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска, Радован Фукс.
Според програмата во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава ќе имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат.
Се унапредува и изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји.
Билатералната соработка предвидува и поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS.
Договорена е поддршка и за зачувување на културата на двата народи.
Фото: Унсплеш