еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макстил со зголемена добивка

Добивката пред оданочување на Макстил АД Скопје во третиот квартал е 241 милиони денари и е повисока за 23% од остварената во истиот период од 2023 година, информираше компанијата преку Македонската берза.

Нето добивката на Друштвото изнесува 214 милиони денари и е повисокa за 25% од остварената во истиот период во минатата година.

-Зголемувањето на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во износ од 257 милиони денари, којшто беше пресметан во септември 2023 и кој не произлегува од оперативното работење на компанијата.

Во последниот квартал од годинава не се очекуваат позначајни промени во делот на продажните цени и трошоците за производство.

Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 6,27 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99%.

Споредено со истиот период од 2023 остварените приходи од работењето (6,46 милијарди) се пониски за 3%.

Намалените приходи воглавно се должат на намалената реализација, како и променет соодносот помеѓу дирекната продажба на Макстил и договорите за преработка.

Во првите девет месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 5,65 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 91%.

Споредено со истиот период во 2023 година остварените расходи од работењето (5,88 милијарди денари) се пониски за 4%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Duferco Skop SA купи нови 2.269 акции на Макстил

Михајловска: Екстрактивната металургија најдобро се изучува на ТМФ, а се практикува во Макстил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе го слави 24 Мај, како ден на бугарската азбука

Редакција

„Жолти картони“ за Владата: Студентите маршираа за подобри услови и стандард

Редакција

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција