На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велс, обвинетиот Велибор Манев и пред судијата Ивица Стефановски, ги повтори истите работи што ги кажа на претходните две рочишта.
Тој меѓудруго кажа дека да знаел дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо носи пиштол со себе, денеска немало да биде во судница, бидејќи тој само сакал да учествува во киднапирањата за собирање пари, за да формирале партија.
Призна дека бил дел од групата на Палевски и дека учествувал во киднапирањата, дека ја копал дупката во која подоцна ќе биде закопан Жежовски, дека купиле опрема за да ги извршат киднапирањата…,а повтори и дека Палевски е убиецот на Ѓорчевска и Жежовски и дека не знаел дека тоа го планирал Палевски, како и дека планирал да се откаже, ама Палевски му се заканувал дека ќе му ја убие фамилијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол
Палевски ладнокрвно ја убил Вања, пукајќи во неа преку перниче, раскажа обвинетиот Манев