еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Манифестацијата „Maжи на годината 2024” ќе се одржи на 25. ноември во НОБ

Изборот на „Мажи на годината 2024“ ќе се одржи по седми пат, на 25. ноември во Национална опера и балет.

Манифестацијата се одржува во чест на мажите кои ја одбележаа годината со своите извонредни достигнувања, во месецот кој секогаш се поврзува со поддршка на машкото здравје.

„Традиционално и оваа година ќе биде вечер за паметење, инспиративните приказни кои заслужуваат признанија ќе го земат приматот на вечерта, и како и секоја претходна, нема да изостане гламурот, сјајот и елеганцијата. Одржувањето на овој настан е од особено значење, подразбира и ги препознава извонредните мажи кои оставиле трајно влијание во општеството, професионалниот живот и заедницата,“ велат организаторите „Gentleman Magazine” и „Friday Communications”.

Многу од досегашните добитници потврдиле дека ова признание не само што ги направило горди, туку и ги поттикнало да се стремат кон уште поголеми достигнувања, секогаш во потрага по најдобрата верзија од себеси. “

Како и до сега, ќе се бираат мажи во 13 различни категории: Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Маж според социјални медиуми, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бонбониера и кафетерија „Краш“ отворена во Тафталиџе, за сладокусци и љубители на кафе

Редакција

Сиљановска Давкова ќе се обрати на Генерално Собрание на ОН во Њујорк, кој друг е во македонската делегација

Редакција

„ЕСИ“ го доби тендерот на општина Охрид за привремени вработувања вреден 143.000 евра

Редакција