Фирмата Марковски компани од Битола во последните пет години склучила вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра, открива истражувањето и базата на податоци за 50. фирми кои добиле најмногу пари од јавни набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РЕК Битола раскина договор со „Марковски компани“ вреден 46 милиони евра
Истражувањето покажува дека Марковски компани, која е во фокусот поради раскинување на договор во вредност од 46 милиони евра, од страна на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со ЕСМ склучила 66 тендери, вредни 141 милион евра.
Второрангирана во истражувањето е Д-р Пановски од Скопје која за овој период има склучено 1.491 договори во вредност од 144 милиони евра.
Трета е Пуцко Петрол од селото Пласница со склучени 1.776 договори во вредност од 137 милиони евра.
Во последните пет години во Македонија се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми.
Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Марковски компани, која лани имала најголем удел во јавните набавки