еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места и блиски членови на семејствата, апелираат од АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

„При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите.

Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените,“ велат од АВМУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И странски медиуми неодговорно и неетички известуваа за погребот за загинатите во Кочани

Владата ги повика медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на загинатите во Кочани да ги отстранат и да не ги шират

Неетичко известување од регионални медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција

Шведска се уште не ги исполнила условите за да добие одобрување од Турција за да влезе во НАТО, вели Ердоган

Редакција

Биотек купи акции во Реплек

Редакција