Листата на помилувани осудени лица од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, продолжува да ја бранува јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова
На истата освен член на криминалната скопска група „Барон“, што предизвика најголемо внимание и реакции, се најде и Живко Делиџаков од селото Богородица, кој доби скратување на затворската казна од три месеци. Нема информација за што е осуден и колку му останува од казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова
Фокус објави дека тој заедно со Тодор Петров пред четири години поднел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за Специјалното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство