Вчера попладне владиното возило во кое била министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет имало сообраќајка.
Таа како што напиша сама на Фејсбук е добро, а во сообраќајката е повреден нејзиниот 53-годишен возач.
Други повредени нема.
Несреќата се случила на експресниот пат Штип – Радовиш, а министерката информираше дека се враќала во Скопје од службено патување од Струмица.
„На 5 јануари 2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип- Радовиш во близина на село Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило шкода со скопски регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, управувано од 53-годишниот Г.А. од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Н.Д. вработена вонејзиниот кабинет“, информираа од СВР Штип.
Второто патничко моторно возило пасат со швајцарски национални ознаки било управувано од 48-годишниот М.Ј. од село Мокриево, Општина Ново Село и бил со четири сопатници.
Фото: Тренчевска/Фејсбук