еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

МНТ одбележува 80-годишен јубилеј

Македонскиот народен театар (МНТ), најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја, а од 31. јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот – 80 години, информираат од таму.

„Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет.

По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот.

Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери.

МНТ се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред сѐ насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.

Во име на јубилејот, нашиот долгогодишен соработник, Зоран Кардула, направи голема чест за најголемата театарска куќа во нашата земја и со неговиот препознатлив дизајнерски печат, го создаде логото „80 години Македонски народен театар“.

Сите ние и секоја следна генерација, сонуваме, мечтаеме кон патувањето и создавањето на нови креативни светови,“ се вели во соопштението.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19-годишник од селото Дреново ја силувал 11-годишната сестра

Редакција

МЕПСО цел на кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Редакција

Партијата на Вучиќ победи на локалните избори

Редакција