Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски очекува извинување од Бугарија за инцидентот со македонското знаме, кое го немаше на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев во Софија, Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протесната нота на бугарскиот амбасадор ќе му биде доставена по дипломатски пат
Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?
Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, рече и дека не би сакал да се разочара од нашиот сосед.
„Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување. Тогаш ќе веруваме дека и другата страна настапува во овие релации бона фиде.
Не би сакал да се разочарам од нашиот сосед и да видиме недостаток на реакција. Ние ќе продолжиме да бидеме позитивен чинител во нашиот регион, но ќе видиме по реакцијата за овој случај, каде имаше очигледен протоколарен пропуст од другата страна, која е намерата на актуелниот претседател и техничкиот кабинет“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота
Фото: МНР