еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Му се заканува до 20 години затвор: Поднесено обвинение против Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека е поднесено обвинение против Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки во Скопје.

-По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Согласно доказите, на 29. јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето.

Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h, што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди” и улицата „29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.

Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело.

Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова

Колку пат Васил ја украл колата на родителите и дали го пријавиле, прашува сестрата на Фросина

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19, регистрирани 172 нови случаи

Редакција

Фон дер Лајен: Путин ја враќа војната во Европа, знаеме дека милиони Руси не сакаат војна

Редакција

(Фото) Експлозии во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија: Ќе се прелеe ли украинската војна

Редакција