еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи, пробиен е законскиот рок

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев прашан за застојот во издавање на личните документи денеска информираше дека над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок.

„Пред техничката влада, сите граѓани ги добиваа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи.

Тоа го зборував уште од првиот ден, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале,“ потенцираше Бојмацалиев.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се распаѓа единството во ЕУ по однос санкциите кон Русија, вели германскиот министер за економија

Редакција

Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Редакција

Уставниот суд денеска ќе одлучува за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби

Редакција