еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Национални шуми: Граѓаните да не палат оган на отворено, да не се фрлаат шишиња

Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.

-Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на отворената линија 02 155 22, односно 02 2581 080 број на централа на ЈП Национални шуми, или на тел.број 193 на Противпожарна бригада и на тел. 112 во Центарот за управување со кризи, информираат од ЈП Национални шуми.

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство издаде согласност за целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште, во временски период од 06 до 20 часот кое стапи во сила од 15. јули, а ќе трае се до нејзино отповикување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот на Галичица се гаси, се апелира да не се шири паника

(Фото) 11 дена гори Галичица, пожарот се шири кон Охрид

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, од Скопје, Дебар и Струмица

Редакција

Детален преглед: Како работеа компаниите кои котираат на Македонската берза во првите шест месеци

Редакција

Нови 200 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција