Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.
-Треба да се користат овие патни правци поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Крушево, кој е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде ќе го обележат 2. Август Сиљановска, Мицкоски и Гаши
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.