еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

На 23-годишнината од Вејце, мурал со ликот на Бобан Трајковски еден од загинатите

На 23-годишнината од настаните кај Вејце, во Куманово денеска беше откриен мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од загинатите припадници на безбедносните сили.

Трајковски беше еден од осумте припадници на македонските безбедносни сили кои загинаа на денешен ден 2001 година.

-Во 2001 година се случи еден настан во текот на борбените дејства при одбрана на државата каде што загинаа осум припадници на безбедносните сили, четворица од армијата, од специјалната единица „Волци“ меѓу кои и Трајковски Бобан-Другарчики.

Тој учествуваше во таа акција и го даде својот живот за нашата Македонија. За жал, 23 години само за овој човек, колку што имам информација, барем за оваа случка, никој нема направено апсолутно ништо. Јас како негов другар, сосед, претпоставен, бидејќи и јас тогаш бев вработен во „Волци“ како старешина, сега пензионер, си зедов за обврска заедно со единицата „Волци“ да направиме свечена манифестација каде што ќе го обележиме настанот, бидејќи 23 години никој, ниту на централно, ниту на локално ниво не успеа да направи нешто,“ изјави Антонио Станковски, од здружението „Слобода, искреност, лојалност, акција-СИЛА“, организатор на денешниот настан.

Муралот го изработија уметниците од „Форма“ кои се сограѓани на кумановецот Трајковски. Од здружението се надеваат дека општината ќе именува улица или друг објект во чест на припадникот на безбедносните сили кој го даде животот за државата.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осум припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени.

Тој дена беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични пријави за фирмите кои земале државна помош за плати, а не ги исплатиле

Редакција

ТАВ Македонија: Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 9 лета, 4 пренасочени

Редакција

Каков имот пријавил Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани

Редакција