еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Недела на дизајн Скопје: Фестивал кој се враќа за да остане

„Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања.

Оваа година темата на „Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд „pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде акцентот е секако на музиката.

Амбициозната цел на овој фестивал е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, но овој пат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и „pop up market”, ќе има и трет повик овој пат целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје и сите аспекти на решенија за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Оваа година „Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации „Next gen Deisgn” за дизајн во друштво на „Миксер” од Белград, „What Design Can Do” од Амстердам, „Barcelona Design Week” и „Designaustria”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под европскиот проект „Next Gen Design”.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 27.500 евра: Скопскиот Апелационен суд купува возило

Редакција

„Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години

Редакција

Во Македонија речиси да не се спроведуваат никакви „зелени“ набавки за заштита на животната средина

Редакција