еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немало обид за киднапирање на деца во Карбинци, велат од МВР

МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во Општина Карбинци, информираат од таму.

-Според официјалната пријава до полицијата: денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

Се работи на расчистување на случајот.

Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви шпекулации. Исто така, им благодариме на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови сомнителни случаи тестирани за коронавирус во Скопје, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Редакција

(Видео) Спасени лица и возило заглавени во снег кај Пониква

Редакција

Убава вест: 413 оздравени од Ковид-19

Редакција