еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Непријатниот мирис во операционите сали бил од формалдехид, вели Таравари

Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Прашан за воздухот во операционите сали кој отстапувал од европските стандарди според мерењата од 1. јули, Таравари рече дека официјален допис се уште нема пристигнато во Министерството.

Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“.

Тој додаде дека се работи на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“

Редакција

„Макпетрол“ го доби мултимилионскиот тендер на „Македонска пошта“ за набавка на гориво

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Потресни снимки од убиените во Газа, меѓу кои над 447 се деца, а 248 жени

Редакција