еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не постапувал по предмети во пропишани рокови, предлог за разрешување на јавен обвинител од Скопје

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека е поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради тоа што не постапувал по предмети во законски пропишаните рокови.

Од таму не наведуваат за кој јавен обвинител станува збор, освен дека тој е од Основното јавно обвинителство Скопје.

– Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.

Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите, велат од Обвинителството.

Со оглед на тоа и другите околности, како што се посочува во соопштението, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во стан на Груевски пронајден 4 пиштоли, за кои немал дозвола

Редакција

Од МНР тврдат дека немало злоупотреби на службени возила за партиски цели

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

Редакција