еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За продолжениот викенд облачно време со северен ветер

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до четири степени, а максималната од еден до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде минус два, а максималната седум степени.

Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Минимална температура ќе биде во интервал од минус шесто до минус еден, а максималната температура од четири до 10 степени.

Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Становите во Карпош, Центар и Струга со убедливо највисоки „кирии“

Редакција

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Редакција

(Видео) Руски конвој кој се движи кон Киев е уништен од воздушен напад, тврди украинското Министерство за одбрана

Редакција