еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра

НЛБ Банка Скопје официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што станува и првата банка во Македонија која го започна овој значаен процес на интеграција на македонскиот финансиски систем во европскиот платежен систем, информираат од таму.

СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.

Патот кон СЕПА за нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување на апликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука.

Со прифаќањето на Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги – банките им се овозможи да аплицираат за учество во СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6. октомври 2025 година.

„Членството на НЛБ Банка Скопје во СЕПА ја потврдува нашата посветеност кон иновации, интеграција и финансиска достапност за сите наши клиенти. Тоа е стратешки потег кој ја подобрува позицијата на македонските граѓани и компании на европскиот пазар и ги отвора вратите кон европскиот финансиски систем, овозможувајќи им на поединците и бизнисите од Република С. Македонија поефикасно да учествуваат во економијата на Еврозоната.

Од друга страна, приклучувањето кон СЕПА придонесува кон напорите за целосна финансиска интеграција на нашата земја во европскиот економски простор“, истакнуваат од НЛБ Банка Скопје.

Пристапот во СЕПА на НЛБ Банка Скопје се очекува да биде на почетокот на октомври годинава, по техничката интеграција на Банката со системот. Со приклучувањето кон СЕПА, НЛБ Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра низ, во моментов 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.

Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции – плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА, подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се продолжува рокот на одобренијата за градење истечен за време на вонредната состојба

Редакција

Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на работа во МВР

Редакција

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе има реконструкција на Владата

Редакција