Идниот мандатар за составување на влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси најави дека новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д.
-За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот.
Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) „Бехтел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски јазик“, кој не постои
На „Бехтел и Енка“ им фалат работници, колкави се платите?
Фото: Влада