еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови директори на Управата за финансиска полиција и ДЗС

Владата на седница одлучи, на позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција да се именува Слободан Ивановски, информираат од таму.

Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

-Владата го разгледа Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), заклучи да му предложи на Собранието за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад да ја именува Елена Маркова Велинова, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за апсењето на убиецот Игор Спасов: Екс-полицаецот живеел во Софија, откриен преку дојава

Редакција

Европската комисија ќе ѝ даде милијарда евра помош на Турција по земјотресите

Редакција

МВР: Денешните дојави за бомби во девет училишта се лажни

Редакција