еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новороденчето од Ресен починало поради затајување на кардио-респираторниот систем, утврдила инспекцијата

Kај новороденчето од Ресен, кое почина на 15. јуни при транспортот од Битолската болница за Детската клиника во Скопје, дијагностициран е респираторен дистрес синдром, а причината поради која настанала смрт 30 часа по раѓањето е затајување на кардио-респираторниот систем (insufitientio cardiorespiratoria), се посочува во соопштението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) по вонредниот инспекциски надзор направен во Клиничката болница во Битола, на Детската клиника во Скопје и во приватна гинеколошка ординација во Битола.

Во соопштението се вели дека не се констатирани други неправилности но, ДЗСИ ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор од Министерството за здравство за понатаму да се утврди дали имало пропусти при лекувањето на родилката и новороденчето.

Во него се додава дека бебето се родило на 14. јуни со АПГАР 5/7/7 со ливидна кожа, ослабен тонус, рефлекси и брадикардија. Веднаш била направена аспирација, вештачка вентилација и срцева масажа и ординирана терапија.

Другиот ден состојбата му се влошила и било транспортирано за Скопје. По патот дошло до дополнително влошување на состојбата и брадикардија. Била спроведена реанимација, но без одговор.

Починало на 15. јуни во 16.55 часот. Телото од скопската клиника било вратено назад за Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина новороденче, вонреден инспекциски надзор на клиниките во Битола и Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

Редакција

Четврти смртен случај: Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили

Редакција

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Редакција