еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ново обвинение за Мерко

Основното јавното обвинителство Струга поднесе две обвиненија за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ.

Оваа е трето обвинение во низа за Мерко, кој заврши и на црната листа на САД.

Станува збор за обвиненија за кривичните дела – Несовесно работење во службата и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа, а се поврзани со работата на училишта на територијата на Општина Струга.

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на Општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.

Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кој Обвинителството поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“

Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 70 пациенти, а вкупно се лекуваaт 621

Редакција

Инфлацијата во април 13%

Редакција

Комерцијална банка за три месеци оствари добивка од 7 милиони евра

Редакција