еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителката Ристоска била дискриминирана, Советот на обвинители треба да и се извини

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи претставката на обвинителката Ленче Ристоска и утврди дискриминација за нејзината апликација за позиција во Вишото обвинителство.

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата преставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители, информираше таа на нејзиниот Фејсбук-профил.

Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа.

„Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки.

Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација“ вели Ристоска.

Ристоска која беше обвинителка во поранешното Специјално јавно обвинителство, поднесе пријава против Советот на јавни обвинители со тврдење дека неправедно и без никаков основ ги игнорирало нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапка за Ленче Ристоска по нејзините критики за влијание во Советот на јавни обвинители

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.708 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Во Охрид активни 576 случаи на Ковид-19, изминатата седмица 206 новозаболени

Редакција

Сослушани двајца сведоци од одбраната на судењето за “организатори на 27 април”

Редакција