еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството води шест предистраги за тендери на ЕСМ

Основното јавно обвинителство (ОЈО) води шест предистраги за тендери на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), откри во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Истите ги води Основното јавно обвинителство Битола.

„Плус работи и на други, за други постапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму, што значи дека има доста работа. Се прибираат докази. Во еден дел активирани се и Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност со нивното Одделение за сузбивање на криминалот, така што во скоро време очекувам и таму да имаме резултати“, вели Коцевски.

Причината поради која што сите овие предмети ги води ОЈО Битола според Коцевски е што потенцијалните кривични дела се случиле на територијата која ја покрива тоа Обвинителство, а најголемиот енергетски капацитет на таа територија е РЕК Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До Нова година закон, за пописот да се спроведе во април 2021 година, најавува министерот Маричиќ

Редакција

Адвокатот Павлески: Одлуката да не ја бранам Јанева е од лични причини

Редакција

Состојбата со водостоите на реките се смирува, од утре настапува и стабилизација на времето

Редакција