еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Отворена Винчини Академија-Макпрогрес

Денес во просториите на Винчини Развоен центар се одржа првиот академски час на единствената национално сертифицирана програма за пекар, слаткар и кондитор, Винчини Академија, информираат од таму.

На свеченото отворање учесниците имаа можност да слушнат повеќе за наставната програма и да ја посетат модерната лабораторија во која ќе се одржува практичниот дел од предавањата.

Основачот на Макпрогрес, Глигор Цветанов, кој стои зад оваа Академија, им посака добредојде на учесниците и ја истакна важноста на неформалното образование и континуираното учење.

„Оваа Академија, не само што се стреми да ги надогради професионалните капацитети на младите, туку има и повисока цел, а тоа е креирање работна сила и спречување на иселувањето на младите од Источните краеви на земјата,“ истакна Цветанов.

На свеченото отворање присуствуваше и Академскиот директор на програмата, Фросина Мешкова, како и инструкторите, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат на првата генерација учесници во Винчини Академија.

Винчини Академија нуди идеални услови за учење, напредување и професионален развој преку практична работа и едукација, која ќе се одвива во Винчини Развоен Центар , опремен со најсовремена технологија за развој на нови прехранбени производи.

Сите заинтересирани кои се веќе дел или сакаат да навлезат во светот на пекарско-слаткарската индустрија се добредојдени да аплицираат и да станат дел од Винчини Академијата.

Програмата е поддржана од страна на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија, а е имплементирана од консултантската компанија Приме Поинт Партнерс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов дозволи новинарски прашања: На 27. април бил дома, неговите советници на шест месеци подлежат на полиграф

Редакција

Пропадна и новиот тендер на „ЕВН Хоум“, ЕСМ повторно не достави понуда

Редакција

Каков имот пријавила Наташа Поп Трајкова, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција