еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Отворен хаб за собирање и селекција на пластичен отпад во рамки на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“

Здружението Ино Тех Кклуб Штип отвори Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад лоциран во “Нетавиле“ во непосредна близина на кампусот на технички факултети.

Оваа активност е дел од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“ кој што се реализира преку програмата „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem) – проект кофинансирана од Европската Унија и Владата на Црна Гора.

Во овој хаб, ќе се собираат четири типа на отпадна пластика со која тимот од истражувачи предводени од професор д-р Игор Јорданов од Технолошко-Металуршки Факултет ќе развиваат и прототипираат четири типа на рециклиран филамент за 3Д принтање.

“Отпадот не е ѓубре, туку суровина која со знаење и соодветна технологија може да стане вреден и корисен производ. Горди сме што нашата иновативна идеја за производство на филамент за 3Д принтери од рециклирана пластика беше препознаена во рамки на проектот „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ кој е кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора.

Потребната количина пластичен отпад, односно суровина ќе ја собираме овде во Нетавил каде денес отвараме хаб, но и со помош на Пакомак кој е наш партнер во овој сегмент. Прототипирањето на рециклираниот филамент се одвива во лабораторијата ИНО ФАБ ЛАБ на Технолошко-металуршкиот факултет каде што воедно ќе се тестираат и употребните перформанси на добиените рециклирани филаменти.

Крајната цел ни е да добиеме целосно функционален производ кој ќе биде квалитетна и еколошки прифатлива замена на филаментите за 3Д принтање добиени од нерециклирана пластика“, изјави професор д-р Игор Јорданов, кој е лидер на овој проект.

Крајната цел на овој проект е намалување на пластичниот отпад, поттикнување на циркуларната економија и нудење и промоција на еколошки решенија за индустријата за 3Д принтање.

“Со оваа иницијатива, не само што даваме одговор на еден од клучните еколошки предизвици, туку гледаме можност да ја позиционираме нашата земја како регионален лидер во иновативни и еколошки одржливи решенија. Ги покануваме сите граѓани, организации и компании да се приклучат и да ја поддржат оваа еко-иновативна иницијатива – затоа што иднината е зелена, паметна и кружна“, додаде професор Јорданов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува кампањата за паметно енергетско планирање „Еко енергетска иднина – да планираме заедно!“

Редакција

Водостојот во Преспанското Езеро зголемен за 19 сантиметри, но состојбата се уште аларматна

Редакција

Заштитата на животната средина точка на дневен ред на Советот на безбедност идниот месец

Редакција