Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани во сообраќајна несреќа, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски.
„Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин,“ изјави Кочовски, кој по средбата со вевчанските друштва, информираше дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.
„Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има,“ изјави таа.
Младото момче кое загина во сообраќајна несреќа е Милан Мукоски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски