Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за 360 степени на МТВ 1 откри дека осомничениот за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, му се заканувал нему и на неговиот постар син.
„Често пати сум добивал закани јас и моето семејство и ако ги гледате неговите ставови поврзани со мене, моето семејство и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојдете до заклучок дека тој не само што не е близок ниту со мене, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, туку ние сме на тотално дијаметрално различни страни“, одговори Мицкоски на прашањето дали имал средби со Палевски.
Тој рече дека пред четири-пет години имал средба со Палевски кога тој му барал поддршка за да регистрира политичка партија и дека немале никаква друга соработка.
„Средба сум имал можеби пред четири-пет години и нормално е да имам таква средба со секој еден којшто во јавноста испраќа политички пораки. Во случајов не беа политички пораки, туку навреди кон мене, моето семејство, конкретно кон мојот постар син…
На таа средба и на средба со многу други личности коишто испраќале политички пораки, моето прашање било зошто и кои се аргументите. Не слушнав аргументи, туку напротив пристигна барање ВМРО-ДПМНЕ да помогне во собирање грѓански потписи за лицето да може да регистрира политичка партија“, вели Мицкоски во интервјуто, потенцирајќи дека не му помогнал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција доставила отпечатоци од прсти од Палевски, а се очекуваат и материјали за ДНК-анализи
Од Палевски зависи колку брзо ќе биде екстрадиран во Македонија
Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?
Фото: ВМРО-ДПМНЕ