еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Во Давос, Швајцарија денеска започна 54. Светски економски форум, кој ќе трае до 19. јануари.

Дел од истиот се највлијателните светски политичари и бизнисмени, а Македонија ќе ја преставува претседателот Ствено Пендаровски.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, тој ќе биде во Давос, утре и задутре (16 и 17. јануари).

Предвидено е да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос ќе учествуваат над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нискобуџетната авиокомпанија easyJet влгува на македонскиот пазар, стартува со лет од Скопје до Женева

Редакција

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Редакција

Каков имот пријавила Анета Симеска Димоска, која Владата ја разреши од директорската функција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција