еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во НОБ, на 27. септември

Современата  балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27. септември со почеток во 20.00 часот.

Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ.

Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), дизајн на светло: Милчо Александров, асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова, Дафина Данилоска-Кочевска, асистент-костимограф е Ангела Богеска.

Приказната за „Пепелашка“ на нашата сцена ќе ја пренесат: Наташа Трендафилова Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија), Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“ вели дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.

„Нашата „Пепелашка“ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот „Брилијантин“, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата „Пепелашка“ во тоа време,“ изјави Илич.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нелогичности: Владата ги намалува казните, а предвидува повеќе пари во буџетот од глоби

Редакција

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Редакција

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа и што ќе нуди комплексот Аурора Козјак инспириран од Аурора ресорт и спа во Берово

Редакција