еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Подем на екстремната десница на европските избори

На изборите за Европскиот парламент кои се одржаа во земјите членки на Европската унија, најмногу пратеници освоија партиите на умерената и крајната десница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската народна партија го задржа мнозинството по европските избори

Во Франција победи екстремно десничарскиот Народен фронт, во Германија, умерената десница, коалицијата ЦДУ-ЦСУ, а крајнодесничарската Алтернатива за Германија освои повеќе гласови од владејачките Социјалдемократи на германскиот канцелар Олаф Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон изгуби на европските избори: Францускиот претседател го распушти Собранието и распиша предвремени избори

Во Италија, победи крајната десничарска партија на премиерката Џорџа Мелони, Браќа на Италија, како и во Унгарија и Словачка, а умерената десница победи и во Грција и Бугарија.

Граѓанската коалиција на полскиот премиер Доналд Туск, која е дел од Европската народна партија (ЕПП), освои најмногу гласови во Полска, а во Шпанија победи десничарската шпанска народна партија (ПП), исто така членка на ЕПП, надминувајќи ја Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчез.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледа една вечер на стриптизер во Македонија: Ме бараат и мажи за нивните сопруги

Редакција

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на струја вреден 390.000 евра

Редакција