еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец од Крушево нападнал колеги, а на други лица им се заканувал

Министерството за внатрешни работи информираше дека ОВР Крушево поднело кривична пријава А.А. (51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

„На 31.3.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Редакција

Македонско лето: Врвулица од криминалци барани од Интерпол

Редакција

(Галерија) Ветерот во Скопје ја однесе фасадата на МЕПСО, оштетени и други објекти од „Скопје 2014„

Редакција