Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека денеска во одредени делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер.
„Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.
Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита.
Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд, што ќе услови зголемување на водостоите.
Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места.
Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден,“ информираат од УХМР.
Фото: Unsplash