еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради шпионажа за фирмата „АТС груп“ од Македонија во Србија приведени тројца инжинери од „Крушик“

Во Ваљево, Србија се приведени тројца инжинери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ за кои постои сомнение дека во текот на годинава шпионирале за државјани на Македонија, вработени во „АТС груп“ од Скопје, објавија српските медиуми.

Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во „Крушик“ од Ваљево и тројцата добија 48-часовен притвор.

Според српското Министерство за внатрешни работи тие од „Крушик“ неовластено изнесувале доверлива деловно-техничка документација и ја предавале на странска организација, “на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и слабеење на моќта на Република Србија“.

Српските медиуми објавија и дека на чело на компанијата е Шевкет Демировски, кој во ноември 2019 година беше уапсен заедно со пензиониран инженер во фабриката „Први партизан“ од Ужице и уште двајца инженери во таа фирма.

Тие беа уапсени поради сомневања дека Демировски како сопственик на „АТС груп“, преку пензионираниот инженер во „Први партизан“ дошол во сопственост на деловно-техничка документација и податоци поврзани со технологијата на изработка на одредени машини, односно до технологијата на изработка на оружје и муниција која ја развива „Први партизан“.

По еден месец, тој беше пуштен со кауција од 200.000 евра за да се брани од слобода, а кривичната беше отфрлена, со што Демировски беше ослободен од сомнение за кривичното дело поткуп при вршење на стопанска дејност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрагата по телото на 29-годишниот маж во водите на Глажња продолжува во лоши услови

Редакција

Македонија останува во децениската чекална, извиси и Албанија: ЕУ се надева на преговори што поскоро

Редакција

По третпат се очекува да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција