еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот припадник на ОВК, Рамадани нема да биде екстрадиран во Србија, останува во домашен притвор

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија.

Во денешното соопштение на Министерството се вели дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамадани ќе остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд на Македонија.

„Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово ја информира јавноста дека Советот на Основниот кривичен суд Скопје одлучи да не го екстрадира нашиот државјанин, Блерим Рамадани.

Потсетуваме дека на 17.07.2024 година на граничниот премин Јажинце/Глобочица… Рамадани, поранешен припадник на ОВК, беше уапсен врз основа на налогот за апсење на Србија кој беше издаден од Интерпол.

Рамадани ќе го продолжи престојот во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда (по службена должност) на Врховниот суд на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот припадник на ОВК, Рамадани, кој беше уапсен во Македонија во домашен притвор

Зошто Србија за поранешниот припадник на ОВК, Рамадани, кој беше уапсен во Македонија, има налог за апсење

Детали од МВР за апсењето на Рамадани, поранешниот припадник на ОВК

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на основно училиште во Петровец дури денеска го видела мејлот за дојава за бомба испратена вчера

Редакција

Бајрактаров: Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки

Редакција

Најнови податоци за бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција