Починатите во сообраќајката која се случи вчера пред тунелот кај Катланово се на возраст од 37,47 и 66 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца загинати и петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа, пред тунелот кај Катланово
Станува збор за лицата А.Н., Ј.А. и Д.Ц., сите од Велес. Тие починале на местото на несреќата.
Сообраќајката се случила откако патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д. (32) од Велес, излетало од патот и се превртело.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатниците З.С. (59), В.З. (67), Н.Н. (33) и Б.П. (41), сите од Велес.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи тие биле префрлени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.