еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почна судската постапка за убиството на 14-годишното момче од Прилеп, адвокатот на детето убиец вели дека делото го извршил во афект

Почна подготвителна постапка за судењето за убиството на 14-годишното момче од Прилеп, кое беше убиено пред неколку дена..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче избодено до смрт во центарот на Прилеп

Од Основниот суд Прилеп информираа дека е во тек постапка по поднесено барање на Основното јавно обвнинителство за спроведување подготвителна постапка за малолетникот Х.М. (15) за кој постои основано сомневање дека сторило кривично дело „убиство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

– Постапката е тајна. Судијата за деца презема истражни дејствија по предлог на Основното јавно обвнинителство, и тоа: сослушување сведоци, сослушување на оштетените, на детето кое го извршило убиството, вештачење, информираа од таму.

Вчера исказ пред судија за деца дадоа таткото на убиеното момче и сведок во случајот, а денеска исказ треба да даде малолетникот кој го изврши убиството, за кого Обвинителството побара психијатриско вештачење

Според неговиот бранител не станува збор за убиство со премисла, туку за чин во состојба на афект или силна разразнетост.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Промовирана нова униформа за 1.200 млади полициски службеници

Редакција

(Фото) Промовирани нови 569 полициски службеници

Редакција

Нови 1.295 случаи на Ковид-19 од 3.315 тестирања

Редакција