еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По што Лила ќе ја памети годината што изминува

Водителката Лила Стојановска, за годината што изминува вели дека кога ќе ја праша некој по што ќе ја памети, навистина не знае од каде да почне.

„Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар.

Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот, можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања… и не, не дека немало и помалку убави моменти, ама тие не заслужуваат простор во овој пост.

И секако благодарност до сите оние кои на било кој начин учествувале во овие важни моменти за мене.

А вам драги мои ви посакувам убава и среќна година и никој да не ви фали и ништо да не ве боли,“ напиша Стојановска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Стојановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар

Редакција

13 лица меѓу кои и малолетничка се испотепале во Сараj поради недоразбирање околу прослава на роденден

Редакција

Поради санкциите за Русија, од ноември и Србија без руска нафта

Редакција