Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Славјанка Петровска, денеска ја поднесе кандидатурата за претседателка на партијата.
Петровска истакна дека 24 години е активен член на СДСМ, а со кандидатурата го поднела и манифестот со социјалдемократијата.
„Тоа е мојата програма, во која што се осврнувам на тоа што треба да бидат идни приоритети на новото раководство на СДСМ, по големиот пораз којшто го доживеавме на овие избори,“ рече Петровска.
Во однос на поддршката на членството изјави дека изминатиот период имала разговор и консултации.
„И веројатно тоа што ја поднесувам кандидатурата очигледно дека сум добила позитивни сигнали. Не би ги злоупотребувала нивните имиња затоа што сметам дека ако тие ценат треба јавно да ме поддржат, може тоа да го направат,“ додаде Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче поднесе кандидатура: Не само со Заев, имам добри релации и со други функционери и членството
Фото: МО