еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пристигнете на аеродром најмалку три часа пред лет, апелираат од „Виз ер“ по денешниот ИТ колапс

Пристигнете на аеродром најмалку три часа пред лет, апелираат од „Виз ер“ по денешниот ИТ колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот проблем на глобалните ИТ системи, кој не зависи директно од „Виз ер“.

„Како и сите авиокомпании денес, „Виз ер“ се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи од трета страна. Патниците на „Виз ер“ може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации привремено се недостапни,“ се вели во соопштението.

Следниве онлајн услуги во моментов не се достапни: веб-страница и мобилна апликација на „Виз ер“, систем за резервации, онлајн систем за пријавување и прикажување на картата за патување и контакт центри – нови резервации и промени на постоечките.

„За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колапс на ИТ системи предвизика хаос низ светот: Откажани летови, парализирани банки, медиуми, болници…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас, вели Бислимоски

Редакција

Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжува

Редакција

Македонци крадат куфери во Египет!

Редакција