еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Промоција на новата колекција на брендот за накит Капка, во Лаб дизјан маркет

Во четврток, 27. јуни со почеток во 18 часот, во изложбениот салон Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка“ зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска.

„Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии“ има повеќекратни значења: врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични,“ вели Ацевска.

Организаторите на настанот ги покануваат посетителите да ја погледнат одблиску колекцијата и да ги поддржат локланите дизајнери и занаетчии и нивната работа.

Една од главните причини за постоењето на Лаб дизајн маркет е поддшрката на дизајнерите кои ги ревитализираат и сочувуваат македонските традиционални занаети, давајќи им нова современа форма.

Преку овие настани публиката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, уверува Бектеши

Редакција

МВР кривично го гони Коце Трајановски за вработувањето на директорот на „Водовод и канализација“

Редакција

Хрватскиот претседател како Ердоган: Амбасадорот во НАТО ќе добие инструкции да се спротивстави на членството на Финска и Шведска

Редакција