Денеска во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ во 12 часот напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери кои ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот.
Дизајнерката Евгенија Зафировска ја отвори својата архива на досегашни примероци од минатите колекции и ги понуди на продажба по достапни цени.
Освен добредојде на новите дизајнери, на посетителите им се прикажуваат сосема нови брендови чии колекции се целосно рачно изработени.
„Лаб дизајн маркет” е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски” број 68, во центарот „Лабораториум”, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија”.
Маркетот засега нуди приказ во една нова современа форма на традиционалните македонски занаети и за прв пат ги поврзува занаетчиите и дизајнерите во систем кој ќе им помогне на занаетчиите во брендингот, дистрибуцијата и промоцијата, а на дизајнерите ќе им понуди изработувачи.