еМагазин
Image default
Локално

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Во Куманово, утре (14 октомври), со почеток во 18 часот, во зградата на поранешен комитет, во големата сала, ќе се одржи работилница против врсничко насилство наменета за родители. Оваа едукативна средба е овозможена од „Макпетрол“, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“, информираат од таму.

На работилниците за родители за стручниот аспект ќе биде задолжен психолог кој долги години работи со проблемот со булингот. Актерот, Сашко Коцев, пак, ќе биде водител на овие настани.

Во повеќе од 150 училишта во 26 општини „Макпетрол“ преку кампањата „Стоп за булинг“ овозможи работилници за ученици, а сега ќе организира едукативни средби наменети за родители.

На 5. октомври во Општина Центар, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, се одржа првата ваква работилница. Со присуство на поголем број родители, на оваа средба беа споделени знаења за врсничкото насилство, се водеше интересна дискусија, а истото се очекува и во Куманово в понеделник (14 октомври).

Компанијата потпиша меморандуми за соработка со Крива Паланка, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец, Илинден, Чучер-Сандево, Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, како и со две основни училишта во Општина Прилеп.

Преку интернет-страницата kreniglas.mk кампањата на „Макпетрол“ обезбедува лесно достапни едукативни информации за врсничкото насилство. Истата служи и за анонимно споделување лични приказни и искуства со булингот. Освен големиот број комуникациски материјали, на вебсајтот има и прирачници наменети за ученици, наставници и за родители.

Проекти што се од значење за пошироката заедница и во минатото, но и во иднина ќе бидат дел од работата на „Макпетрол“. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ овозможува поддршка на децата и на младите, кои и понатаму ќе бидат во фокусот на компанијата. Целта на ваквите активности е да се обезбеди основа за тие да ги реализираат своите потенцијали, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја натепале во казино на улица „Македонија“

Редакција

Пријавил дека наставник ја гушнал и бакнал малолетната ќерка

Редакција

Во сообраќајка кај скопската обиколница загина 40-годишна скопјанка, а тројца се повредени: Детали од МВР

Редакција