Наместо разрешување на сите тројца директори на државното друштво Македонска навигација (М-НАВ), Владата на денешната седница дала предлог да бидат разрешни само двајца.
Предлог за разрешување има за претседателот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор, Фахрудин Хамиди, кој предизвика лавина од негативни реакции во јавноста со неговата изјава дека последниот инцидент во М-НАВ бил „кошкање“ помеѓу колеги, како и на секторскиот извршен директор, Љубе Стаменковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На местото на Хамиди, до Надзорниот одбор на М-НАВ, Владата го предлага Илир Мехмеди, а на местото на Стаменовски, Милан Кораќ.
Секторскиот директор Хасим Деари, пак не е сменет.
Разрешувањето на дел од менаџментот во М-НАВ следи по нападот на државното друштво и бројните други скандали на кои укажа Синдикатот на контролори на летање. Од Синдикатот побараа да бидат сменети тројцата директори, а ако тоа не се случеше за утре најавија затворање на воздушниот простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ