Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека во март годинава во државата се регистрирани 70.902 туристи. Од нив, 22% биле домашни, а 78% биле странски туристи.
Бројот на реализирани ноќевања во март 2025 година достигнал 132.015. Од оваа бројка, 28% се однесуваат на домашните туристи, а 72% на посетители од странство.
Во периодот јануари – март 2025 година, во споредба со истиот период претходната година, вкупниот број на туристи бележи пораст од 10,6%.
Според ДЗС, кај домашните туристи има опаѓање од 9,2%, додека кај странските е забележано зголемување од 21,9%.
Вкупниот број на ноќевања, исто така, покажува пораст од 9,1%. Притоа, кај домашните туристи има намалување од 7,8%, а кај странските зголемување од 21,7%.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.