Осигурувањето за регистрација на возилата, поскапува за 15%. Повисоките цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста.
Според новиот ценовник, сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5.453 денари за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари.
Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, од 6.166 денари се зголемува на 7.116 денари.
За колите со мотор од 66 до 84 КВ, од 7.133 денари на 8.233 денари.
За колите со мотор од 84 до 110 КВ, од 8.510 денари на 9.821 денари.
Осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ, од 10.294 денари на 11.879 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.